Ова е само 5-ти пат како Лојд има разговарано со руски министер за одбрана од почетокот на војната во Украина во 2022, и речиси секогаш тоа е на иницијатива на Пентагон.
Разговорот се случува на 12 јули, и според американски извори, Белоусов го барал Остин за да му пренесе предупредување. Русите откриле дека Украинците подготвуваат тајна операција против Русија за која веруваат дека е со благослов на Американците. Не се соопштени никакви дополнителни детали.
Американските соговорници на Њујорк тајмс тврдат дека функционерите на Пентагон биле изненадени од овие обвинувања и не биле свесни за заверата за која зборувал Белоусов.
„Меѓутоа што и да пренел Белоусов, тоа било доволно сериозно сфатено за Американците да ги контактираат Украинците и да им пренесат дека ако размислувате да направите такво нешто, тогаш немојте,“ пишува Тајмс.
За време на целата војна, и покрај целосната зависност од американска помош, Украинците знаат не се многу транспарентни со Американците околу своите операции, посебно оние што се случуваат на руска територија. За Американците овие операции се проблематични бидејќи не придонесуваат ништо посебно за украинската позиција на фронтот, а во исто време ја ризикуваат поддршката од ЕУ партнерите.
Меѓу позначајните вакви акции беше операцијата за уништување на дел од Кримскиот мост и нападот на руски воен аеродром на Крим.
Проблем е и што овие напади Путин редовно ги прогласува за терористички, а потоа од руската пропаганда се користат како доказ дека инвазијата на Украина всушност е одбранбена војна.