Одлуката ја донесе претходната министерка за здравство на Британија, со која терапиите повеќе не смеат да се користат кај деца и млади луѓе. Ова беше оспорено од транс активисти кои тврдат дека министерката при носењето на одлуката не ги консултирала групите што ги претставуваат пациентите и ги злоупотребила вонредните овластувања.
Решението на Високиот суд беше поздравено од новиот министер на здравство Вес Стиринг кој ја поздрави одлуката и додаде дека здравјето на децата мора да се базира на докази.
Случајот се базира на Ревизијата на Кас објавена на почетокот на годината која заклучува дека нема доволно докази дека употребата на терапии со блокатори на пубертет кај деца под 18 години е безбедна и ефикасна.
Се работи за лекови кои го одложуваат или целосно спречуваат да се случи пубертет. Блокаторите на пубертет се даваа на деца со родова дисфорија а логиката зад оваа терапија е колку порано се почне, толку подобро.