Планот се поврзува со три главни цели што беа споменати и во коминикето на швајцарскиот самит, а тоа се: нуклеарна безбедност, глобална безбедност на храна, и ослободување на депортирани деца, воени заробеници и нелегално заробени цивили.
Зеленски најавил дека земјата ќе почне и „детални дискусии со релевантни држави“ за територијалниот интегритет и други прашања.
„Трпение, поддршка и дипломатски притисок се трите фактора за правичен крај на војната.
Ако САД и европските држави го одржат единството тоа ќе додаде кон притисокот и ќе и покаже на Москва дека нема шанси,“ изјавил Зеленски.
Украинскиот претседател порачал дека нема прифаќање на барањата за прекин на огнот се додека Русија и понатаму окупира украинска територија.
Украина објави дека по Швајцарија планира да организира и втор мировен самит на кој ќе биде поканета и Русија, и дека тоа ќе се случи пред претседателските избори во САД на почетокот од ноември.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галужин порача дека Русија нема намера да учествува на втор самит.
За Кремљ украинските мировни напори и нивната формула од 10 точки се нерелевантни и „ултиматум“.
Зборувајќи еден ден пред швајцарскиот самиот, Владимир Путин порача дека како услов за примирје, Украина мора целосно да се повлече од четирите области делумно окупирани од Москва.