Еден од повисоките советници на кампањата на Трамп, објаснува дека тие очекувале Бајден да преживее барем уште една недела и да ја истера и посетата на Бенјамин Нетанјаху.
Аксиос пишува дека во моментот кога Бајден се повлекува, тимот на Трамп има најмалку три парчиња анти-Бајден материјали спремни за објавување, плус бројни пораки од републиканската партија на насочени кон претседателот.
Дури и најголем дел од содржините од републиканската конвенција се фокусирани на говорници кои го напаѓаат Бајден.
Сите тие на крај завршуваат во канта, а самиот Трамп коментира дека на републиканците треба да им бидат вратени парите што ги потрошиле на напади на Бајден.
„Фактот дека Харис главно не беше спомната на републиканската конвенција, од сегашна гледна точка, изгледа како пропуштена шанса,“ објаснува републиканскиот стратег Алекс Конант.
Пред дебатата која беше погубна за реизборот на Бајден, дел од републиканските аналитичари порачуваат дека ако американскиот претседател има лоша вечер, демократите неизбежно ќе го повлечат како кандидат.
По објавата на одлуката, првичната реакција на републиканците беше истата да ја прикажат како обид за пуч од раководството на демократите. Следно беше Камала да се поврзе со политиката на Бајден за јужната граница.
Вон медиумите, тимот на Трамп поднесе приговор за тоа што 96 милиони долари што Бајден ги собра од донации ќе бидат препишани на кампањата на Камала.