Со новите измени на законот за сообраќај во Белгија, се предвидува казна за сите лица кои се наоѓаат во возилото ако само едно од нив нема ставено појас.
Тоа лице ќе биде казнето со 100 евра, исто колку и сите други во колата, иако биле врзани.
Другите се казнуваат затоа што пропуштиле да влијаат на сопатникот да стави сигурносен појас.
Ако патникот кој не е врзан е дете, тогаш сите во колата плаќаат по 150 евра.
Не ти се врзувам, па не знам шо да е
Репортажа од далечната 1984 година, за отпорот во Америка против тогаш новата обврска за задолжително врзување појаси во автомобил. Одлука која сигурно спаси многу животи но истовремено им даде идеја на државите дека имаат право колку сакаат да упаѓаат во нашите животи и одлуки.