Наредбата што гувернерот Гавин Њусом им ја дава на своите агенции е „итно да се започне со справување со опасните кампови додека во исто време ќе им се даде помош на лицата кои живеат во нив.“
Во Калифорнија живеат околу една-третина од сите бездомници во САД, кои се распослани од тротоарите на населбите на некои од најголемите градови, паркинзите, па се до околината на автопатите.
Агенциите прво ќе треба да се посветат на чистење на камповите кои претставуваат безбедносен ризик, како оние што се поставени во одводните канали, а бездомниците ќе имаат разумен рок од 60 дена за да се тргнат од овие локации. На градовите и околиите им е препорачано да прифатат слични протоколи.
Минатиот месец Врховниот суд на САД ја собори одлуката на понизок суд кој одлучи дека властите не можат да присилат луѓе да ги напуштат камповите ако за нив нема кревет во засолништата.
Њусом тврди дека неговата администрација до сега има потрошено околу 24 милијарди долари на чистење улици и сместување бездомници, меѓутоа признава дека проблемот и понатаму останува. Неговата администрација неодамна беше прозвана од државниот ревизор дека неконзистентно го следеле дали јавните пари потрошени за ова ја подобриле ситуацијата.
Дел од сомнежите се околу тајмингот на наредбата која доаѓа во време кога Бајден се откажа од претседателската трка, а најверојатната демократска кандидатка за претседател, се уште нема избрано потпретседател.