Вести

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Речник

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Екипата на Трамп пресреќна со изборот на Тим Волц за потпретседател на Камала

Изборот на партнер на Камала за ноември прво го поздрави Доналд Трамп со пораката „Фала ти“ објавена на Трут соушл, а зад сцената неговите сојузници се воодушевени што нивен противкандидат е гувернер со долгогодишно неспорна либерална наклонетост и досие на гласање.

Иран ко Иран

Исламската република можно е да се пишмани околу започнување на својот напад врз Израел кој го најави по елиминацијата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, сред Техеран.

Балвани машки и на ГПС глас се палат

Мажите било поверојатно да минат семафор кога не и било зелено и општо да возат поризично кога добивале насоки од сателитската навигација на која зборува заводнички женски глас.

Гугл е нелегален монопол

Во историска победа за американското министерство за правда против технолошката индустрија, американски федерален суд одлучи дека Гугл нелегално ја злоупотребил својата позиција на пазарот за да ја сотре конкуренцијата.

Само прашање на време беше кога Турција ќе ни го зарие ножот во грб

Сред сезона од Турција доаѓа информација дека водечките играчи во тамошната туристичка индустрија предложиле укинување или ревидирање на еден од најпопуларните турски концепти - ол-инклузив хотели.

Професор Мершајмер нема светли предвидувања за Израел

Израел е заглавен во многу големи проблеми од кои не само што нема излез во моментов, туку и сите опции водат кон поголемо „закопување“, смета професорот Џон Мершајмер.

Илон Маск им објави војна на адвертајзерите

„Две години бевме за мир, сега е војна,“ порача Маск најавувајќи го писмото на извршната директорка на платформата Икс во кое се објаснува зошто е покрената тужба против моќна глобална алијанса на адвертајзери и нејзини членки како што се Унилевер, Марс и други. Маск и нивните адвокати сакаат да докажат дека против нив е спроведуван тивок бојкот кој ги чинел милијарди долари.

Триатлонци хоспитализирани по пливање во Сена

Тоа што со месеци им го збореа и повторуваа на Французите, дека Сена никако не е подготвена за луѓе да пливаат во нејзе, сега има и официјална докторска потврда откако неколку триатлонци завршија во болница по пливање во реката.

Пиши Русите се криви

Немирите во Саутпорт во кои Британци, домородни, излегоа на улица и го истурија својот гнев откако 17-годишен мигрант уби 3 девојчиња и повреди уште неколку, британските медиуми почнаа да му ги препишуваат на Путин и негови ботови.

Балонот не е пукнат, ама на Менхетен се продаде зграда со попуст од 97,5%

Се работи за зграда од 23 ката, за која е проблематично дека е полна само 35% и тоа главно затоа што работодавците не можат да ги убедат вработените да дојдат на работа.

На Украина не и е сеедно што Москва и Западот договорија размена

Успехот на Москва и Вашингтон да ја договорат една од најголемите размени на затвореници и покрај тоа што двете страни се речиси на раб од војна, Киев го коментира со повторување на ветувањето на Бајден „Ништо за Украина без Украина.“

На Клуни му се станува претседател?

Џорџ Клуни беше една од најупадливите личности кои беа дел од притисокот врз Бајден да се повлече од претседателската трка, и тоа само неколку седмици откако на истиот тој Бајден му ја организираше една од најважните вечери за собирање пари за кампањата на која беа донирани рекордни 28 милиони долари.

Вечна литиумска батерија

Батерија која не може да работи цела вечност (ништо не е вечно) но сигурно може да го надживее сопственикот е нов изум на кинески научници. После година дена работа и 1.400 циклуси полнења и празнења, немало ни најмало намалување на капацитетот. Само што има еден услов: да работи на минус дваесет степени и да се полни малку.

Манчестер, банкрот, банкрот

Манчестер, фудбал, пабови, пиво. Во таква еко-средина дечко од Манчестер помислил дека има победничка идеја за нешто ново - да отвори безалкохолен паб. Ене го, затвора дуќан. Во иднина ќе држел безалкохолни поп-ап шанкови по венчавки. Немој некој да го излажал дека на наши венчавки пари би намлатил со таа идеја. 

Малку зорт и одма го заборавивте Моетот

Конгломератот ЛВМХ се пожали дека годинава заради општата депресија што владее во светот нивниот бизнис со вино и шампањ во првите 6 месеци паднал за 12%. Заработил 1,52 милијарди долари, ама тоа е помалку отколку лани.

Луизијана ќе може хируршки да кастрира педофили

Законот неодамна предложен од републиканскиот гувернер Џеф Ландри деновиве стапи на сила со што американската држава Луизијана стана првата сојузна држава во САД која ќе може да ги казнува осудените педофили со хируршка кастрација. Се надеваат дека ваква казна ќе обесхрабрува ваков тип сексуални предатори.

Зошто Вадим Красиков му беше толку важен на Путин

Запад и Русија ја изведоа најголемата размена на затвореници по завршувањето на Студената војна. Иако Путин во минатото често инсистираше на паритетна размена, глава за глава, овојпат даде шеснаесет луѓе за да добие осум. До ваквата размена немаше да дојде ако во пакетот не беше вклучен Вадим Красиков.  

Меркур, татковина на дијамантите

Меркур е најмалата (откако го дисквалификуваа кутар Плутон) и најблиската планета до Сонцето во нашиот планетарен систем, но преку ноќ стана интересен откако научници сугерираа дека под неговата површина има огромен, повеќекилометарски слој дијаманти. Ок, не дека е баш блиску до нас (77 милиони километри) и не е дека е баш пријатно место за копање (430 целзиусови степени).

Преку Убер, Европа ќе се полни со кинески електрични коли

Компанијата за приватно таксирање Убер и кинескиот автомобилски гигант BYD планираат партнерство со кое ќе се распоредат 100.000 електрични возила на Кинезите во Европа и Латинска Америка. Кинезите нудат поволности околу цените, осигурувањето и финансирањето а почнаа да отвораат фабрики ширум светот.

Дали Америка би размислила да го елиминира Путин?

Да не излезе дека и таа опција не е разгледана, американскиот Форин полиси на широко ја расправа темата за смена на Путин по основа на негово убиство, и кој и како би можел да донесе демократија во земјата само прво да го убие рускиот претседател.

Стотици Словенци бараат отштета заради ковид вакцинацијата

Преку 200 барање за отштета има добиено словенечкото министерство за здравство заради последици предизвикани од примањето ковид вакцина. Има и смртни случаи и случаи на сериозно или трајно нарушување на животни функции а досега исплатените отштети се движат меѓу 20.000 ии 60.000 евра. 

Макрон спискал 500.000 евра за да направи вечера за Чарлс

Елисејската палата минатата фискална година ја завршува со еден од најголемите минуси, затоа што Макрон решил да потроши нешто помалку од половина милион евра на вечерата за британскиот крал.

Каде се златните резерви на Аргентина?

4,5 милијарди долари во злато што беа во резервите на Централната банка на Аргентина, веќе не се таму. И не само што не се таму туку никој не знае / не кажува каде се.

ЕУ се подготвува за трговска војна со Трамп

Брисел веќе прави стратегија како ќе одговори ако се остварат најавите на Трамп за заштита на американската економија со давачки на увозните проиводи од ЕУ. Не им е сефте. Во првиот мандат Трамп удри по европскиот челик а овие вратија онаму каде што најмногу ги боли неговите гласачи: бурбон, Харли Девидсон и говедско.