Во Словенија е поднесено 221 барање за исплата на отштета заради последици настанати после вакцинирање за ковид.
Како што пренесува Дело, во тамошното министерство за здравство, во 2021 година било поднесено 81 барање за отштета, 105 лани и 35 оваа година.
Веќе биле донесени 97 решенија, 20 случаи се во тек да бидат решени.
Исплатени се пет отштети: една од 20.000 евра за смрт после вакцинирањето а четири од по 60.000 евра за сериозно или трајно оштетување на животни функции. Се работи за лица кои ги примиле првите верзии на ковид вакцината на Астра Зенека.
Бидејќи се работи за чувствителни приватни податоци за здрвјето, не се откриваат детали за сериозните или трајните оштетеувања за кои се исплатени по 60.000 евра.
Случајот со исплатените 20.000 евра не е компензација за таму познатиот случај со смртта на 20 годишната Катја која почина од компликации поврзани со вакцинација со Јансен. Нејзините блиски мораат со тужба и докажување да пријават барање но отштетата сè уште не им е исплатена.