Триатлонци хоспитализирани по пливање во Сена

Тоа што со месеци им го збореа и повторуваа на Французите, дека Сена никако не е подготвена за луѓе да пливаат во нејзе, сега има и официјална докторска потврда откако неколку триатлонци завршија во болница по пливање во реката.

Белгија официјално се повлече од мешаната триатлонска трка откако еден од нејзините репрезентативци беше хоспитализиран заради ешерихија коли.

Се работи за натпреварувачката Клер Мишел, која Белгија нема да може да ја замени во репрезентацијата, заради што и се повлече од натпреварот.

Освен Мишел, и швајцарскиот триатлонец Адриен Брифорд е легнат сериозно болен по завршување на натпреварот во машка конкуренција во кој исто така се пливаше низ Сена.

Натпреварите во триатлон во машка конкуренција прво беа одложени, заради загадувањето на Сена, а потоа по иста основа не беше дозволено да се вежба во реката.

Пливањето во Сена е забрането од 1923, заради загаденоста на водата и опасноста за здравјето.

Пред игрите, Французите потрошија 1,5 милијарди долари во обид да ја исчистат реката, „меѓутоа и покрај обемните напори, резултатите не ги исполнија очекувањата.“

„Испив многу вода (за време на натпреварот), па утре ќе знам дали сум болна или не.

Секако нема вкус на Кока-кола.

Додека пливав под мостот, почувствував и видов работи за кои не треба многу да мислиме.

Сена е загадена 100 години, значи не можат да кажат дека безбедноста на спортистите им е приоритет,“ изјавила белгиската репрезентативка и колешка на Мишел, Џолиен Вермејлен.

6 август 2024 - 11:48