Единствениот бар во Манчестер кој продавал исклучиво безалкохолни пијалоци се затвора поради слаба посетеност помалку од една година од отворањето.
Сопственикот на барот „Love From“ отворен во јануари во центарот на Манчестер сакал да ја промени перцепцијата за британската култура на пиење нудејќи ново искуство за ноќен живот без алкохол.
Имало премалку заинтересирани за такво искуство.
39 годишниот Карл Консидин за Тајмс се поплакал дека барот првично работел добро со оглед на тоа што бил отворен за време на „сувиот јануари“ кога се проценува дека околу 8,5 милиони Британци решаваат да апстинираат од алкохол. Тоа е месец кога, по декемвриските претерувања, многумина доброволно дигаат рачна за алкохол и сакаат да влезат во новата година поприсебно, почисто, освежено и поздраво.
Ама, потоа доаѓа февруари.
Консидин во барот нудел безалкохолни коктели за 7,50 фунти и безалкохолно 0,5 пиво за 6 фунти. Како одминувала годината, бројот на гости стабилно се намалувал. Изневериле и оние на кои најмногу се надевал, младите од генерацијата З.
Му станало јасно каде оди работата кога дошло потопло време па почнало да се пие надвор а дефинитивно се оладил од оптимизмот за време на европското првенство во фудбал.
Во иднина планира да држи поп-ап шанкови со безалкохолни пијачки на корпоративни настани и венчавки.