Уредите на кои командите доаѓале од жени со висок глас правеле мажите да бидат поотворени кон преземање ризици. Влијание на возењето имало и кога на сателитската навигација имало и глас од позната личност, која исто така ги терало мажите повеќе да ризикуваат.
„Во нашата студија, мажите изложени на повисоки гласови влегувале во поризично однесување, како минување на жолто.
Ова покажува дека машкото ризикување на кое влијае женскиот глас, може да биде опасно кога се вози,“ објаснуваат авторите на студијата од Фудан Универзитетот во Шангај.
Во основа мажите било 40% поверојатно да минат на жолто ако насоки им дава жена со висок глас, а според истражувачите тоа било затоа што тие сакале да ги покажат своите квалитети, вклучително и преземањето ризици.
Дури и кога не возеле, еден експеримент бил со минување висечки мост во виртуелна реалност, оние мажи кои добивале насоки од жени со висок глас побрзо го минале мостот отколку оние на кои им зборувала жена со низок глас.