Како и сè друго, и литиум-јонската батерија има работна и оптимална температура која првенствено е одредена од електролитот. Тоа е флуоретилен - карбонат со точка на мрзнење од 18-23, што значи дека дека не би можела да работи на помалку од 18 степени бидејќи електролитот би замрзнал. Но, батериите содржат и литиумски хексафлуорофосфид (LiPF6) кој ги пренесува литиумските јони. Со него батеријата може да работи на температура од 0 до 40 степени, што е добро за телефон и лаптоп, но не и за автомобил кој би требало да вози во секакви поднебја и услови и да поднесува и тропски температури до 60 степени и поларни студови до минус 40.
Се разбира, решение постои и се вика етил-ацетат (EA) кој мрзне дури на -84. Тука, пак, проблемот е што брзо ѝ паѓа капацитетот, објаснува Ненад Раос во Баг.
Со зголемување на LiPF6 се има склучено чудо: добиле „вечна“ литиум-јонска батерија: после 12 месеци работа и 1.400 циклуси полнења и празнења, немало ни најмало намалување на капацитетот.
Не сè така сјајно. Батеријата е „вечна“ само при специфични услови на работа, да се полни и празни на -20 и најмногу до 20%. Во поинакви услови, капацитетот повторно страда бргу.
„Ќе врши работа ако треба да се чува малку енергија во ладни и зафрлени предели, на пример за напојување автоматски метеоролошки станици или за погон на моторни санки. А за автомобилски погон? Може и тоа, ако на батеријата ѝ се смисли ладење“, вели Раос.