Професор Мершајмер нема светли предвидувања за Израел

Израел е заглавен во многу големи проблеми од кои не само што нема излез во моментов, туку и сите опции водат кон поголемо „закопување“, смета професорот Џон Мершајмер.

„Израел е во големи проблеми, и уште поважно нема начин како да излезе,“ порачува Мершајмер.

Професорот прво објаснува дека Израел не успеал да го порази Хамас во Газа, и што е полошо сега е заглавен таму. Во 2005 истиот овој Израел ја напушти Газа затоа што беше „осило“.

Друг проблем е што немаат вистинско воено решение ниту за Хезболах, ниту за Иран, со тоа што вториве се на пат да стигнат до нуклеарно оружје.

На домашен терен Израел има проблеми со крајната десница кои деновиве испливаа на површина по апсењето на 9-те резервисти обвинети за групно силување на палестински затвореник. Кај ова прашање израелски власти ризикуваат да дојде до граѓанска војна.

И сето ова се случува додека Израел и понатаму е терминално зависен од САД, кои само во 2024 им имаат дадено помош од 18 милијарди долари.

7 август 2024 - 10:09