Признавајќи дека ол-инклузивот им завршил многу работа на Турците за популаризација на туризмот во земјата, бизнисменот Зафер Алкаја, кој е еден од првите што воведува ол-инклузив во своите хотели уште на почетокот од 1990-те, порачува дека истиот треба барем да се промени.
„Ол-инклузив системот стана многу важен метод за развивање на нашите туристички дестинации. Резултатите што ги постигнавме благодарејќи на него не можат да се оспорат.
Како и да е, години подоцна, во новите процеси што моментално ги менуваме тој треба повторно да се дискутира.
Туристите кои бараат високо ниво на производи и услуги природно се склони кон плаќање на повисока цена за истите,“ смета Алкаја.
Спасот за нас доаѓа од Здружението на тур оператори од Турција кои се скептични кон предлогот, објаснувајќи дека не постојат достојни алтернативи на системот. Од здружението објаснуваат дека ниту еден од понудените или достапни модели (пример, плати колку користиш), нема да го замени ол-инклузив системот, „кој е посебно популарен меѓу странските туристи.“