Наводно изминативе денови администрацијата на Бајден преку дипломатски канали на Блискиот исток ем вршела притисок, ем се обидувала со добро да му објасни на Техеран да не го започнува планираниот напад, заради опасност од отворена војна меѓу двете држави.
Еден од аргументите на Белата куќа е дека убиството на Ханија е резултат на тајна операција, а не е голем воен напад, па да се врати сразмерно на тоа.
„Сега Техеран се повеќе изгледа дека е наклонет кон ваквото размислување на Вашингтон, иако првично го негираше,“ пренесува Политико изјава на двајца американски функционери.
Од Белата куќа го смирувале Техеран и дека во нападот сепак не загинал ниту еден ирански државјанин.
Американците иако веруваат дека Иран ќе се одмазди на некој начин за смртта на Ханија, тоа сепак нема да биде директен напад.
Минатата недела очекувањето беше дека Иран ќе изврши напад врз Израел за време на викендот, па САД превентивно испратија воени авиони и бродови во регионот.