Извори од демократите за Дејли меил тврдат дека сето ова се калкулирани потези на Клуни кои се дел од неговите напори да се наметне како кандидат за некои идни претседателски избори. Со 63 години, Клуни може да почека уште неколку избори.
„Неговата поддршка за Камала дефинитивно е калкулирана. Џорџ размислува за идна кандидатура за претседател и во тоа ја има поддршката од еден од најмоќните демократи на светот, Барак Обама.
Неговиот нишан е на можна кандидатура за Сенатот во 2026 и несомнено нему ќе продолжи да му расте рејтингот во Демократската партија,“ изјавува изворот на Дејли меил.
Тој тврди дека колумната на Клуни во Њујорк тајмс е она што ја прелило чашата и што доведе до одлуката на Бајден да се повлече од трката.
За време на мандатот Бајден во повеќе наврати соработуваше со Клуни и му даде сериозна тежина на актерот кај демократите. За возврат тој помогна во собирање милиони долари за демократски кандидати со што го крена својот рејтинг во партијата.
Изворите на Меил тврдат дека вистинскиот грб на Клуни е Барак Обама, кој му дава политичка тежина.
Она што му фали на Клуни е какво било искуство во политика или на државна функција. Контра аргументот на ова е „па ни Трамп немаше“.