На Путин му се припишува дека про-руски профили на разни социјални мрежи почнале да шират лаги и да ги хушкаат Британците, по што овие излегле на улица и направија хаос. На ова пак вратија мигрантите, кои исто така излегоа на улица и почнаа да прават хаос и да ловат Англичани.
Како доказ за ова го имаат Канал 3 Нау, медиум со сомнително потекло кој прв објавил дела убиецот е муслиман, а потоа е пренесен од голем број други медиуми.
Сомнежот паѓа и на тиктокери кои споделувале информации околу настанот а притоа барале масовни депортации и ги повикале гледачите да носат маски и да се собираат на локација во Саутпорт.
Британски експрес кој ги пренесува информациите, цитира и советник од софтверската компанија Есет, кој нагласува дека е речиси невозможно да се докаже со одредено ниво на сигурност од каде потекнуваат овие профили.