Меркур, татковина на дијамантите

Меркур е најмалата (откако го дисквалификуваа кутар Плутон) и најблиската планета до Сонцето во нашиот планетарен систем, но преку ноќ стана интересен откако научници сугерираа дека под неговата површина има огромен, повеќекилометарски слој дијаманти. Ок, не дека е баш блиску до нас (77 милиони километри) и не е дека е баш пријатно место за копање (430 целзиусови степени).

Студија на истражувачи од Лиеж, Белгија, сугерира дека површината на Меркур крие слој од 18 километри дијаманти.

Тие најверојатно се настанати со самото создавање на Меркур како планета, пред околу 4,5 милијарди години за што постоеле идеални услови - висок притисок и висока температура. Се претпоставува дека младата планета во тоа време имала кора од графит, која лебдела над длабок океан со магма.

Тие ги рекреирале условите со помош на тн Анвилова преса: вметнале синтетичка мешавина од елементи - силициум, титаниум, магнезиум и алуминиум - во графитна капсула, имитирајќи го теоретизираниот состав на внатрешноста на Меркур во неговите рани денови а потоа ја подложиле капсулата на притисок речиси 70.000 пати поголем од оној на површината на Земјата и температури до 2.000 степени Целзиусови. Добиле дијамант.

После Земјата, Меркур е втората најгуста планета во Сончевиот систем. Големо метално јадро зафаќа 85% од радиусот на Меркур која останува најмалку истражената копнена планета во системот. Последната мисија на Меркур, МЕСЕНЏЕРОТ на НАСА, орбитираше околу планетата помеѓу март 2011 и април 2015 година, собираше податоци за геологијата, хемијата и магнетните полиња, пред леталото да остане без гориво и да удри на површината.

Луѓето и натаму немаат ниеден примерок од самата планета.

 

2 август 2024 - 09:45