Математиките се дека месото има поголемо влијание на животната средина отколку која било друга храна. На пример, за да стигнеме од ништо, до една плескавица, потребни се 200 литри вода. Само за една плескавица.
Атмосферата е вжештена, елитните единици веќе ги зафатија своите места а забележано е нивно прегрупирање во деловите околу стадионот во Страдфорд и Олимпиското село. Сексуалните игри можат да започнат.
На почетокот, интернетот беше најголемиот благослов во историјата на порно индустријата. Неполна деценија подоцна, токму интернетот ја сотре порнографијата.
Да имаш среќа да бидеш единствената жена од Саудиска Арабија на која државата ќе и дозволи да учествува на Олимписките игри во Лондон. И да имаш несреќа коњот кој треба да го јаваш - да ти се расипе.
Откако Гадафи беше убиен како бубашваба а свргнатите режими не ги наследија баш демократски рози, BBC признава дека во известувањата за Арапската пролет малку претерале со својата еуфоричност.
Една споредба на причините за смрт на почетокот на 20-от век и денес, покажала дека комплетно ги имаме уништено главните болести од кои луѓето умирале пред повеќе од 100 години и истите сосема успешно ги имаме заменето со нови.
Ние не сме нешто посебно еуфорични околу ЕУ (јебеш унии во кои примаат држави како Грција), ама не дека Унијата нема свои предности: Европскиот суд донесе одлука по која во сите членки на ЕУ, работниците кои ќе се разболат за време на годишен одмор имаат право на дополнителни денови одмор.
Не ќе е случајно: двајца научници од различни делови на светот, независно еден од друг, велат дека се на праг да понудат вештачко месо кое комплетно ќе го редефинира нашиот однос кон себе и кон планетата.
Канадски фитнес клуб реши комплетно да го забрани влезот и членството за сите слаби, витки и извајани билдери кои изгледаат како никогаш да не можеш да личиш на нив.
"Лабораториски" чистиот зеленчук само му прави зијан на нашиот имунолошки систем затоа што не му дозволува барем малку да се запознае со некои од бактериите кои ги има во земјата.
- Што е дебела, се потиш? - Не, плачам. Ова е дел од 10 минутното видео од американски училишен автобус во кое четворица глупи средношколци вербално тормозат 68 годишна жена.
Да уплаќаа сингл во кладилница на Германија, 4 од животинчињата што предвидуваат резултати на Еуро 2012, до сега ќе земеа пари за секој од 3-те натпревари на германската репрезентација.
Како што главните актерки во филмовите добиваат луѓе кои исклучиво се грижат за нивната коса, така и фризурата на главниот лик на последниот цртан на Пиксар доби ексклузивно внимание.
Во 90-тите години, статусот милионер подразбираше да се има - милион. Но, инфлацијата го прави своето па основниот милионерски луксуз денес чини 2, 6 милиони.
Некогаш сообраќајките беа убедливо најчестиот вид несреќи со смртни последици во САД. Во последниве 25 години тие се заменети со нешто што доаѓа на рецепт.
Заради глобалната рецесија, кризата во Европа и општата немаштија во светот, Швеѓаните мораа да ја продолжат работната недела на (за нив) рекордни, цели две децении недостигнати, незамисливи - 26,2 работни часови неделно.