Откако нарачал две чаши коњак, по цена од 7.800 долари по чаша, неименуваниот бизнисмен побарал да го види шишето од кое му се точи. Кога го фатил во раце, шишето му се лизнало и се распарчило на подот во клубот.
Плејбој клубот претходно го имал купено коњакот на аукција во Париз во 2009-та, по цена од 37,000 долари. Сегашната вредност на шишето е 77,615 долари.
Станува збор за коњак Clos de Griffier Vieux од 1788-ма. Шишето не било осигурено, бидејќи веќе било отворено.