Не е Бранко ама е коцкица

30-тите години на минатиот век звучат како романтичен период на родителството. Се имало и време и простор и сè што треба да им биде убаво на најмалите членови на семејството. А имало и изуми да им биде уште поубаво.

Фотографиите се од цирка 1930 година, и ги покажуваат предностите на изумот на извесна Ема Рид, пријавен во 1923-та година а одобрен од Заводот за патенти неколку години подоцна.

Патентот на Ема решава неколку битни родителски проблеми: детето е дома а сепак некако е излезено, се наоѓа на свеж воздух наместо да чмае во затворено, има простор за себе во кој никој не му пречи што му овозможува атмосфера за негова индивидуализација. Плус, кога се дере непотребно, може да очекуваш помош од комшиите да му кажат да заќути.

Поскапите модели на овие детски кафези вклучувале и покрив кој штити од дожд, снег и други временски непогоди.

За среќа, изумот никогаш не заживеа толку за да ги дочека своите кинеско-турски фалсификати.

25 јули 2012 - 09:30