Растително пилешко

Исто e како пилешко, колку што растителен кашкавал е ист со кашкавал. И што е полошо, веќе се продава.

Beyond meat е производ базиран на соја, кој има изглед и вкус како пилешко месо.

До сега сите што го имаат пробано (критичари за храна / гурмани) се едногласни - Beyond meat е подобро од вистинско пилешко.

Критичарот на Слејт пишува дека производот е сосема идентичен со пилешко месо и дека на вкус можеби е и подобар од оригиналот. Плус, не ти се заглавува меѓу заби.

Еден од главните инвеститори во проектот, вегетаријанецот ко-основач на Твитер, Кристофер Стоун, порачал дека ако во ресторан порача вегетаријанска храна и некој му го донесе ова пилешко, ќе мисли дека е грешка.

"Има некаков вкус на маснотии. Чувството е како да јадеш нешто мрсно и мускулесто, и имаш чувство како да јадеш нешто што не е здраво за тебе. Како долгогодишен веган, ова е малку чудно," објаснува Стоун.

Растителното пилешко е резултат на 1-децениско истражување на двајца научници од Универзитетот во Мусури.

"На почетокот кочиите ги влечеа коњи, па потоа имаше кочии без коњи, за на крај да измислат автомобили, кои немаат никаква поврзаност со коњите. Уверен сум дека полека ќе преминеме од производи базирани на пилешко и говедско, на производи кои наликуваат на животински ама по потекло се растителни. Во иднината во супермаркет ќе побараш говедско или пилешко, и слично како што денешниот автомобил нема никаква врска со коњите, така и овие производи нема да имаат врска со животни," објаснува еден од основачите на компанијата која го произведува растителното пилешко.

30 јули 2012 - 16:31