Голем број од тунелите кои досега се откриени, преставуваат сериозно софистицирана градба која се протега и по неколку километри, со шини за транспорт на дрогата, осветлување и системи за вентилација. Дел од нив се длабоки и по 30 метри, со вградени лифтови и хидраулични врати.
За сето ова се потребни архитекти, инженери, тимови на минери кои со месеци работат на еден проект и милиони долари за изградба на еден тунел.
Сето ова се оправдува со "пропусноста" на еден тунел, преку кој за само една вечер можат да е пренесат неколку тона дрога.
Еден од тунелите, направен во 90-те од нарко-босот Шорти Гузман, чинел над 1,5 милиони долари за изградба, но преку него во рок од 6 месеци бил прошверцуван толку многу кокаин, што Гузман од своите колумбиски партнери го добил прекарот "El Rapido."
На страна ова, тунелите се многу попрофитабилни и полесни за менаџирање од останатите алтернативни начини на шверц (подморници, катапулти, лесни авиони).