- Во 1930 година, германскиот археолог Гинтер Редер ја ископал долната половина од седумметарската статуа на Рамзес II, еден од најславните фараони во 31-та династија на староегипетската историја.
- Во март 2024 година, заеднички египетско-американски археолошки тим објавија дека ја пронашле исчезнатата горна половина од статуата на Родер. Тој дел го прикажува Рамзес како носи украс за глава со кралска кобра.
- Новооткриениот дел бил зачудувачки очуван, со остатоци од оригиналниот пигмент (да е денешна изработка, три перења не би издржал пигментот).
- Годинава двете половини се споени и Рамзес комплетен повторно е на северната страна на храмот во Ел Ашмунеин каде првпат бил поставен пред повеќе од 3.200 години.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.