- Претседателот Масуд Пезешкијан издаде наредба за повторно отворање на меѓународниот пристап до интернет во Иран, по 87-дневен прекин поради војната против САД и Израел.
- Техеран го исклучи интернетот и на 8 јануари, како реакција на масовните антивладини протести, но постепено почна да го враќа, се до целосната блокада на 28 февруари, кога почнаа нападите од САД и Израел.
- Во овој период пристап до интернет имаа само малкумина Иранци со напреден софтвер што ја заобиколува државната блокадата, која не може да се пробие со користење на вообичаените VPN-мрежи.
- Во нормални времиња, пристапот до глобалниот интернет во Иран е строго ограничен преку цензура на многу веб-страници. Основните економски услуги - како што се банкарските апликации, државните SMS системи и владините портали - работат беспрекорно преку внатрешната изолирана мрежа.
- Барањата за пристап се насочуваат строго преку локални сервери, а не преку меѓународни јазли, па властите можат да ги евидентираат, следат и филтрираат сите домашни податоци.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.