Станот од 100 милиони

Најлошо нешто што може да ти се случи кога го нудиш најскапиот апартман во Њујорк од 90 милиони долари, е да се појави апартман од 100 милиони долари.

Апартманот од 740 метри квадратни се наоѓа на Лонг Ајленд и според неговиот сопственик, ја има највисоката тераса во градот (со површина од 278 метри квадратни) и вкупно 135 прозорци од кои можат да се видат речиси сите мостови во Њујорк, плус има одличен поглед на 5-та авенија.

Апартманот се протега на 3 спрата, од 73-ти до 75-ти, и е сопственост на Стивен Клар, претседателот на Клар организацијата. Тој објаснува дека решил да го продаде апартманот од семејни причини, бидејќи има 5-годишен син кој постојано сакал да излегува на тераса.

Во апартманот има вкупно шест соби за спиење, плус 9 тоалети, кујна, дневна, трпезарија, приватен лифт и посебен оддел за вино во кој може да се сместат до 1.000 шишиња.

Клар го купил просторот (празен) во 1993-та за 4,5 милиони долари.

31 јули 2012 - 10:28