Тод Бентли е Канаѓанец евангелист, кој тврди дека неговото насилство лечи од рак, и се смета себе си за инструмент на Господ.
Неговите методи се движат од чизма во лицето на една старица, до удар со колено во стомак за болни од рак на дебело црево.
"И таму седеше една стара жена која се молеше пред олтарот и Светиот дух ми прозбори. Ми дојде подарокот од вербата. Тој рече: 'шутни ја во лице со твојата моторџиска чизма.' Се приближив и ја шутнав. Како што мојата чизма направи контакт со нејзиниот нос, таа падна под силата на Господ," објаснува 36-годишниот Бентли.
Веќе еден британски пратеник побара од Министерката за внатрешни работи да го забрани влезот на Бентли во Британија, а неколку доктори кои соработуваат со британската црква, сериозно предупредија дека методите на Бентли во ниту еден случај не можат ништо да излечат, туку само можат повеќе беља да направат.
Пред да го открие Господ, Бентли има досие за користење дроги, а на 15 години бил притворен заради сексуален напад на 7-годишно момче.