Живот и забава

Живи ги фатија

Ако нешто функционира во борбата против пушењето тоа се грозните слики на кутиите цигари, бидејќи пушачите стварно им се плашат на нив.

Зошто пубертетот рано рани

Несредените семејни односи, општиот стрес на живеењето и дебелината се трите главни причини што денес девојчињата влегуваат во пубертет 5 години порано отколку пред еден век.

Украина ќе ги отрезнува мечките

Колкав може да биде проблемот со алкохолизмот кај мечките во Украина? Доволно голем за на Карпатите да се отвори центар за лечење на мечки алкохоличари.

Nick Rhоdes - Duran Duran

Благодарение на нашите френдови од Метрополис радио и нивниот МВП Петар Ѓошев, пак имаме "право на прво читање", овојпат интервју со Ник Роудс од Дуран Дуран. Инџој Инџој.

"Зајди, зајди" може да се пее само во Дубаи

Колку всушност е висока највисоката зграда на светот: дочекувате сонцето да зајде, се качувате на лифтот и горе - ете го сонцето, повторно заоѓа.

Шпанска мушичка за медиумите

Од серијалот "Како ЕУ се справува со кризата" имаме епизода поврзана со медиумите. Шпанија реши да ја поддржи медиумската сцена во земјата така што  им дозволи да рекламираат проституција. ЗНМ засега без коментар.

Боље бити зијан него ќар

На Саша Лошиќ од Плави оркестар (босански бенд кој има долготрајни фанови во Македонија) му биле потребни 25 години за да примети грешка во еден нивен суперхит, по што призна дека добар дел од неговите песни немаат баш некоја смисла. 

Препишувач на годината

Сите сме препишувале ама ова е просто глупаво: на приемен испит за факултет бил фатен со "хартивче" од десет и кусур метри на кои црепот, наместо да учи, сместил одговори на 25 илјади прашања.

Слободно лапајте шпагети

Не месец, два или година, туку цели 25 години истражување покажа дека јаглехидратите (паста, леб, компир и сл.) не се толку големи душмани на вашата линија, како на што се животинските масти.

Ја сам рак машина

Ги знаете оние дизел крнтии во облик на автобуси, камиони и комбиња кои на нашите улици чурат црни облаци како да возат на запалени гуми? Е, па, рак.

Алеа јахта ест

Роман Абрамовиќ ја губи титулата сопственик на надолгата јахта на светот откако од едно германско бродоградилиште за момент исплови едно недовршено пловно чудовиште вредно 600 милиони долари.

Пљачкањето банки не се исплаќа

На филм можеби завршуваат со полни куфери пари, но, реалноста е малку поинаква: ограбувачите на банки заработуваат помалку од просечен работник.

Битката против состанокот

Во зависност од тоа кои луѓе ќе ги соберете од фирма, просечниот состанок ќе ве чини околу 500 долари, а од 40-часовна недела околу 20 до 30 часови се трошат на состанок, покажала една анализа од Силициумската Долина.

Талент ама не секаков

Саудијците склопија свое талент шоу. Ама: талентите не можат да бидат жени, плус во никој случај за талент не се прифаќа - музика.

Експертите се гола вода

Исто како и со гатачите, постои неверојатна тенденција да им се верува и на „експертите", и покрај тоа што недостасуваат докази за нивната способност нешто да предвидат.

Поврат на мерак

Даночните власти во Орегон неоправдано почастиле една девојка со 2,1 милион долари како поврат на данок. Одма се фрлила на шопинг. Додека ја фатиле, веќе потрошила 150.000 долари.

Најочекуваните патики во 2012.

Најк ја објави нивната цена но не и точниот ден кога ќе ги пушти во продажба. Лудилото по патиките на Кање Вест достигнала цена од 80.000 долари за еден пар.

Желки се развеле после 115 години

Заедно пораснале, се засакале, станале партнери и живееле среќно и весело. Одеднаш, нејќат да се видат. Добро, не може да се каже дека не пробале бидејќи бракот им траел 115 години.

Како да не станеш најздравиот човек

Човекот кој проба една година да живее библиски (се облекуваше, јадеше и се однесуваше како луѓето во Стариот Завет), кој ја прочита цела Британика и кој го аутсорсираше целиот свој живот во Индија, сега објави книга во која раскажува како за малку ќе умрел обидувајќи се да биде најздравиот човек на светот.

Одморите веќе не се одмор

Совет на сезоната: Остави го мобилниот во соба. Под одмор се подразбира комплетно исклучување од вашиот секојдневен живот, и одмарање од се и од секого, нешто што сите престанаа да го прават.

Мачката на Лагерфилд

Како ретко кога, Карл Лагерфилд застрани малку од редовното плукање по дебели манекенки и луѓе што не разбираат дека треба да се носи крзно, за да позбори за неговата - мачка. Што е тоа важно? Мачката живее подобро од вас.

Спотот кој ги скара Flaming Lips и Ерика Баду

Го видовме ние контроверзниот спот на Flaming Lips so Ерика Баду дента кога беше објавен, но, не го објавивме бидејќи ни се виде глуп и изнасилено шокантен (угол гола Ерика, потоци лажна крв, лажна сперма итн). Нивен спот, имаат право да го прават каков што сакаат. Ама, испадна дека не сакале таков спот баш сите. Ерика Баду изјави дека е згрозена.

100 години без геј парада

Затоа што веројатно не планира во скоро време да го промени мислењето, судот во Москва забрани одржување на геј парада во идните 100 години.