Кој ќе добие Нобелова награда?
На 9-ти октомври ќе биде објавена Нобеловата награда за Физика, ама прашањето е ако ја добие ЦЕРН, кој точно ќе ја добие. Проблемот е што наградата може да биде доделена на тим од максимум 3-ца луѓе.
"Како 6 луѓе кои ја имале идејата, ќе поделат награда која е ограничена на тројца? Одговорот е: нема да ја поделат. Да го парафразирам Орвел: можеби сите изгледаме еднакви, ама некои се поеднакви од другите," пишува физичарот од Универзитетот Оксфорд, Френк Клоуз.
Блогерот кој прв ја објави веста за откривањето на честичката, смета дека оние кои ги правеле експериментите ќе треба да ја добијат наградата, додека Франс Прес пренесува дека е веројатно годинава да се прекрши ова правило.
Кога ја открија честичката, за што сега ќе оговараат физичарите?
Додека регуларниот дел од публиката уште открива и открива за значењето на Хигсовиот бозон, научниците веќе се префрлија на нови работи. Воит (блогерот што објави за Хигсовиот бозон) сега веќе пишува за "суперсиметрија" и "екстра димензии."
За што ќе пишуваат новинарите?
Една од работите што новинарите ја научија од целата Хигс бозон ситуација, е колку е тешко да пишуваат за нешто за што имаат најопшти познавања. Целата работа резултираше со десетици одлични (и неверојатни) наслови и фушерај утки (професор Хигс Бозон). Сега треба да има нешто ново (телепортација, холограми, патување во времето...) за новинарите повторно да се навлечат на наука.