"Не се некои вести, ама вреди да се повтори, дека режисерот и луѓето од неговата продукција направија работа која ви го одзема здивот. TDKR се истакнува со многу работи - возбудливи потери, ултра добри возила, величествени глетки, епска големина која не е постигната од Господарот на прстените и климакс кој го носи крајот на комплексната сага. Бетмен го глуми феноменален актер со особен талент за прикажување на болка, страдање и смртност."
Joe Morgenstern
Wall Street Journal
"TDKR, последното продолжение на Кристофер Нолан во револуционерната адаптација на Бетмен, е толку добар што ќе заборавите дека ви се смачени филмови со суперхерои. Дури и да се стави на страна жанрот, ова е прилично добро одржано парче на епско правење филмови. Не сум толку наивен да го спредам со Мостот на реката Квај на Дејвид Лин и Апокалипса сега на Копола, ама е сосема јасно дека Нолан аспирира кон тоа."
Glenn Kenny
MSN Movies
"TDKR е хипнотизирачки климакс на трилогијата за ликот од ДЦ комикс, но на различен начин од стандардните летни акциони филмови. Иако филмот има детални борби, потери и војнички играчки, и иако режисерот ги облекува половина од ликовите во облека која одговара за Comic-Con, Нолан е комплетно сериозен уметник со поглед на светот многу нијанси помрачен од витезот во насловот. The Avengers изгледа како детска работа, во споредба со овој поглед на смртниците и херојските слабости. Прв пат мелодрама со евтино потекло успева да ги убеди гледачите дека може да биде модерен еквивалент на грчките митови или сатирата на Џонатан Свифт. TDKR е толку голем, толку горчлив - филм со величествени амбиции и епски постигнувања."
Richard Corliss
TIME Magazine
друго:
- 13 минутно видео за The Dark Knight Rises