Неделата низ трејлери

Неделава имаме четири продолженија, што (во најголем дел) имаа и одличен прв дел, плус документарец за славните и нивните најверни пријатели - папараците.


Taken 2
режија: Оливер Мегатон
премиера: 5-ти октомври 2012.

Во првиот дел Нисон ја сотре цела албанска мафија, плус пола жандармерија на Париз. Во вториот дел, Нисон со ќерка му и сопругата одат на одмор во - Истанбул.

 


Dredd

режија: Пит Травис
премиера: 21-ви септември 2012.

Пост-апокалиптичен свет, со бескрајно многу нереди, криминал и беззаконие. Затоа па и нема многу објаснување околу власта, полицијата е и судија и порота и извршител. За разлика од првиот дел овој пат, сценариото е на Алекс Гарланд, човекот што ги напиша: 28 дена подоцна и Плажа.

 


$ellebrity
режија: Кевин Мазур

На една страна ги имаш сите ѕвезди, на друга се сите папараци што ги следат ѕвездите. Помеѓу, сите нивни недоразбирања.

 


The Dark Knight Rises
режија: Кристофер Нолан
премиера: 20-ти јули 2012.

Најновиот и веројатно последен трејлер пред премиерата на Бетмен на 20-ти јули.

 


Monsters University
режија: Дан Скалон
премиера: 21-ви јуни 2013.

Идејата е дека за секоја работа треба да се заврши школо. Па дури и да си чудовиште а работата е плашење деца.

 

23 јуни 2012 - 15:33