Работел, не работел...

Релативноста на времето е посебно непријатна на стари години, бидејќи колку сме постари толку побрзо ни тече времето.

Едно од објаснувањата за ова е чисто логично, на 20 години, една години претставува 5% од нашиот живот, но на 80 години, една година е само 1,7% од нашиот живот.

Второто е дека колку повеќе ни се еднолични деновите и ги минуваме рутински, толку повеќе памтиме само кратки периоди кога сме ја избегнале рутината (како што од цела година го паметиш само одморот).

Решението за проблемот, психолозите го гледаат во внесувањето на нови информации, нови знаења и нови искуства. На овој начин, го полниме животот со што е можно повеќе промени, занимливости и патувања и што е можно повеќе ја разбиваме рутината.

Чисто за иронија, кога луѓето се забавуваат и уживаат, чувствуваат дека времето им лета, но од друга страна кога се сеќаваат на тој период, им се чини дека тој долго траел и бил исполнет.

11 јули 2012 - 11:26