30% од "месојадците" изјавиле дека не би излегле на состанок со вегетаријанец или веган (вегетаријанец е лајт верзија на веган), додека само 4% од другата група го рекле истото за омниворите.
Разликата меѓу пребирањето се должи и на тоа дека само 5% од популацијата на САД се вегетаријанци или вегани, заради што и прилично е ограничен нивниот избор, во споредба со месојадите.
Генерално, околу 66% од 4000-те испитаници изјавиле дека пребирањето храна им е непривлечно.
Во основа забелешките до вегетаријанците се движат од тоа дека "оброкот претставува споделување на заеднички моменти, а неможноста да се сподели храната е уништување на тие моменти," до тоа дека "вегетаријанците постојано зборуваат колку е штетен процесот на производство на месо и какво влијание има рибарењето на светските океани."