Во организмот има два основни вида на потни жлезди, мерокрини и апокрини. Првите го покриваат целото тело и служат за негово ладење, додека вторите постојат само во одредени делови (како пазуви) и кај нив е почетокот од проблемот.
Потта што ја лачат и двата видови на жлезди, сама по себе не мириса.
Разликата е од потта што доаѓа од апокрините жлезди содржи некои дополнителни протиеини, од кои дел се поврзани и со молекули на лош мирис. Оваа комбинација и понатаму не мириса, се додека таа не дојде во допир со бактериите кои живеат во овие региони.
Бактериите се гладни за протеини, и хранејќи се со нив тие ја уништуваат врската и ги ослободуваат во воздухот молекулите со лош мирис.