Меѓу првите десет, Европа има 5 претставници, Азија има 3, по еден за Северна Америка и Австралија. Првото место го има Хонгконг, по него се Амстердам и првиот јапонски град Осака, па по нив се Париз и Сиднеј. Од петто до десетто место се Стокхолм, Берлин, Торонто, Минхен и Токио.
Листата е добиена со комбинирање на Индексот на живеење на Економист и седум фактори прибрани од архитектот Филипо Ловато: зелени површини, урбано ширење, достапност на природа, достапност на светски културни дела (близината и бројот на локации прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО), поврзаност (колку лесно е од таму да се стигне до остатокот на светот), изолација (колку други големи градови има во негова близина) и загадување.
Иако Хонгконг ја доби најниската оценка за загаденост меѓу првите 10 градови, тој го освои првото место благодарејќи на зелените површини, малото урбано ширење, пристапот до природа и оддалеченоста од другите големи градови.
"Хонгконг е победник бидејќи е многу компактен град, кој успеа да го задржи своето природно наследство, да создаде густа мрежа на зелени простори и да ужива во добри врски со остатокот на светот," објаснува Ловато.
Според списокот, најлошо место за живеење на светот е Хараре, главниот град на Зимбабве.