Сони, како продуцент, дистрибутер на филмот и сопственик на правата на Спајдeр мен, целиот филм комплетно го брендира со сопствени производи, не дозволувајќи ниту еден друг конкурентски бренд да се појави во него.
Во филмот, главниот лик користи Sony Xperia mini, а во една сцена случајниот минувач со Xperia смартфон ја снима акцијата на Спајдeр мен. Кога двајца студенти го гледаат клипот, тоа го прават на Sony Tablet S, а дури и главниот негативец во филмот користи Vaio лаптоп кој е поврзан на Сони монитор, додека ги снима експериментите со Сони Handicam.
На страна од филмот, Сони ја искористи маркетинг кампањата за најновиот Спајдeр мен, за промоција на своите производи. Уште минатиот месец Сони пушти тв реклами со Спајдер мен, кој ја промовира Xperia ion.
На Сони отпаѓаат само 0,7% од сите мобилни телефони продадени во САД меѓу март и мај годинава, и 0,4% од сите мобилни телефони во земјата. Компанијата има 2,4% од пазарот на лаптопи во земјата во првите 3 месеци од годината, а во исто време освојува 0,2% од пазарот на таблет компјутери.
Единствен друг бренд кој се појавува во филмот е пребарувачот на Микрософт, Бинг, кој двете компании го договорија уште пред почетокот на снимањето.