Недостатокот на физичка активност во секојдневието на светско ниво е убиец од рангот на пушењето. Проценките на една сериозна студија велат дека 30 проценти од возрасните се движат помалку од потребното.
Проблемот со неактивноста е таков што можеме да го сметаме за пандемичен, мислат експертите. Според нив, луѓето не треба да бидат информирани само за користа од физичките активности туку и за опасностите од нивно отсуство.
Нивните препораки се 150 минути вежбање неделно.