Индијците се гневни затоа што речиси никому не му текна на бенгалскиот физичар Сатиендра Нат Бозе, кој во 20-те години од минатиот век работеше заедно со Ајнштајн и прв ја откри честичката.
"Бозон е техничкиот назив на откритието на Ајнштајн, кој ја опишува субатомската честичка откриена од Бозе," пишува Тајмс оф Индија.
Инаку и индиската влада се приклучи кон дебатата, објавувајќи кратко соопштение: "Експериментот на ЦЕРН уште една го стави во фокус Сатиендра Нат Бозе. За Индија, Божјата Честичка е подеднакво Бозон, колку што е Хигс."