Методот се базира на тнр имплицитно учење, процес во кој луѓето несвесно можат да учат шаблони, објаснува Бугаринот Христо Боинов од Универзитетот Стенфорд.
Тој и колегите произвеле игрица во која играчите пресретнуваат објекти, притискајќи копчиња на тастатура. Објектите доаѓаат во 6 различни позиции, и секоја од нив има соодветно копче.
Она што играчите не го знаат е дека објектите баш и не паѓаат секогаш по случаен избор. Во играта се скриени 30 позиции кои се повторуваат 100 пати во текот на 30-45 минути од играта.
Две недели после првото играње, играчите сосема успешно ги повторувале секвенците. Несвесни за тоа, нивните прсти ја запамтиле шемата.
Токму тоа е примената на овој метод во креирањето пасворди. Човек ја учи играта (уникатна за него) и потоа потврдува дека токму тој ја играл. И никој друг.
Пасвордот е создаден.
Боинов проценува дека шансите да биде провалена ваквата лозинка се 1 спрема 60.000.