Во точно 22 и 40, додека Спрингстин и Меккартни ја свиреа продолжената верзија на "Twist and Shout" одеднаш се се стиши и целата сцена се стемни, градските власти ја исклучија струјата на концертот.
Во моментот кога целата сцена затемне, на неа беше рокенрол Дрим тим: Спрингстин, Мекартни, E Street Band, Том Морело од Рејџ и Дејвид Грол од Фу Фајтерс.
"Во моментов ми е срам што сум Британец. Спрингстин и Меккартни ја свират 'Twist and Shout' во Хајд Парк и советот им ја изгаси струјата заради пречекорување на времето..." твитнал комичарот Стивен Мерчант.
"Спрингстин и Мекартни, само во Британија локален совет може да им ја исклучи струјата на најголемите уметници во последните 50 години," напишал британскиот новинар Ричард Џејмс.
Од советот на Лондон потврдуваат дека тие ја изгасиле струјата, но дека тоа било во согласност со дозволата што организаторите ја добиле. Според сајтот на организаторот, свирката на Спрингстин требала да заврши во 22 и 15.
Инаку, свирката на Спрингстин започна во 19 и 30.