Само канадски девојки на канадски шипки?

Некои држави ги заштитуваат домашните производители на жито, некои на автомобили, некои на млеко и месо, Канада ги заштитува домашните стриптизерки.

Канаѓаните забранија издавање визи за странски стриптизети, а оние кои веќе престојуваат во Канада по таа основа ќе нема да добијат продолжување на визата. Одлуката има за цел да се заштита жените од експлоатација и да се спречи трговијата со луѓе.

Во земјата веќе има околу 700 лица кои добиле виза по основа стриптиз.

"Владата не може и понатаму со чиста совест да продолжи да прима привремени работници од странство, кои би работеле во сектори за кои има основано сомнение за ризик од сексуално искористување," изјавил канадскиот министер за имиграција.

Од индустријата за возрасни објаснуваат дека владата со ова не решава ништо, туку само создава недостаток на работна сила кој веројатно ќе го надополнат со странци дојдени со студентска виза, кои имаат дозвола да хонорарно да работат.

6 јули 2012 - 13:21