Племето Баиниг од Папуа веројатно е најдосадната културна средина на нашата планета, затоа што работата е единствената содржина на луѓето а секаква игра и забава се осудува и забранува.
Причина за ова е што луѓето од ова племе се крајно разумни. Суштината на нивниот поглед на светот се состои од верување дека трудот е единствената вредност која ги разликува луѓето од природата која ја имаат спроти себе. Оттука, единствената смисла човекот ја добица преку работата. "Луѓе сме затоа што работиме," често велат во ова племе.
Според нив, играта е бесцелна и непотребна активност. Децата се склони кон игра затоа што сè уште се "природни" па главната воспитна задача на возрасните е да ги "очовечат" така што ќе им оневозможат каква било игра. Детската игра ја споредуваат со валкање на свињи во кал.
Го спречуваат дури и бебешкото лазење. Доколку бебето посегне по нешто, станува родителот и му го дава, со што уште од најмали нозе ги одвикнуваат да истражуваат и да бидат љубопитни.
Штом се исправат на нозе, веднаш ги носат на нива и ги навикнуваат на работни задачи.Подоцна биваат и драконски казнети ако се забалежат во активност која не е поврзана со работата. Одат дотаму што на малолетните прекршители некогаш им се ставаат рацете во оган како казна за делото.
Пораснуваат како исклучително затворени луѓе кои одбиваат да зборуваат за себе, особено за своето детство. Антрополозите веруваат дека е тоа така затоа што се научени да се срамат од природните нагони кои се уште ги чувствуваат во себе.