Феминистките од Западот се подготвени до последна да ги жртвуваат жените од Третиот свет, додека кај себе дома да ги решат сите можни ситници што некогаш им засметале или имаат потенцијал во некоја неодредена иднина да им засметаат. Или барем така изгледа.
Неинтересни за меѓународните мониторинзи за човекови права, на плaнетава со векови егзистираат култури со драстично различни концепти од западните. Кај домородците од Папуа Нова Гвинеа, недај боже да си дете.