Додека низ развиениот свет да се разрешат проблеми како тоа дека жени на високи позиции земаат по неколку милиони долари помалку отколку мажи на истите позиции (што е проблем, но со малку помала итност), во земји како Папуа Нова Гвинеја жените се борат како да преживеат кога ќе бидат обвинети дека се вештерки (што исто така е проблем).
Вештерките само се додаваат на списокот проблеми од највисок ранг кои ја спопаѓаат исклучиво женската популација низ светот, како на пример сакатење гениталии или продавање како робинки.
Сценариото за кое известува Гардијан речиси стандардно е составено од два дела: измачување и убиство. „Посреќните“ откако ќе бидат обвинети дека се вештерки минуваат само со измачување (тепање, горење со вжештено железо и сл.), помалку среќните по измачувањето се убиени или умираат од болка.
Од 2013 до 2016 во Папуа Нова Гвинеја пријавени се над 370 вакви случаи. Како и во добар дел од случаите кога е во прашање насилство врз жени, процената е дека ова е далеку од реалната бројка.