Анализата на Британците покажала дека луѓето кои живеат покрај море (и тоа на Северното море, а тек па на некое добро) имаат "мало, ама значајно" подобрување во здравјето, во споредба со луѓето кои се целосно опколени со копно.
Во анализата биле споредени податоците на 48 милиони луѓе, поточно нивната оддалеченост од морето и одговорите кои ги дале за сопственото здравје.
Како можно објаснување е тоа што животот покрај море има помал стрес а и повеќе можности за вежбање и рекреација.
"Едно од очигледните објаснувања е можноста за физичка активност и мотивацијата да пешачиш покрај брегот. Исто така има нешто и околу тоа дека покрај море живееш во многу порелаксирана околина. Секако не треба да се заборави дека и добар дел од луѓето кои се преселиле на брегот, претходно биле богати и се дојдени со добро здравје," објаснува професорот од Универзитетот во Ексетер, др. Бен Вилер.
Друга работа што ја заклучиле научниците е дека луѓето со сиромашно потекло имале најголем бенефит од преселувањето покрај море, додека кај имотните, тоа речиси и да не правело разлика на нивното здравје.