Најбрзиот човек на планетава, Усаин Болт, во трка со мајмун од видот Патас би бил втор, со заостанување од цели три секунди. Со гепард би немал шанси а кафеав зајак би го оставил некаде на 50 метри бидејќи трча двојно побрзо од него. Усаин Болт минува 100 метри за 9,58 а зајак, особено мотивиран од некој грабливец зад петици, истата патека ја минува за 5 секунди.
Човековите шанси се нешто подобри на подолги патеки. Дел од ловните техники на примитивните племиња е исцрпување на пленот со долготрајни потери. Благодарејќи на исправеното држење и одличната терморегулација човек може да истрча маратонска должина за помалку од два часа. Сепак, не е подобар од северноамериканската антилопа која може да трча долго со брзина од 65 километри на час. Доколку успеее да ја задржи таа брзина, маратонската релација ја трча за помалку од еден час.
Како стојат работите со скокови во височина и во далечина?
Човечките рекорди изнесуваат во 8, 95 метри (Мајк Пауел, 1991 г.) во далечина и 2,45 метри (Сотомајор, 1993 г.) во височина.
Добар противник би биле малите примати Галаго, чиј скок во човечки размери би изнесувал колку должина од два автобуса. Во височина некои пајаци одат и до 30 пати повеќе од должината на своите тела. Еквивалент на скокот на инсектот Collembola би значел да се прескокне Ајфеловата кула а убедливи најголеми шампиони се болвите кои скокаат и повеќе од 30 должини на своите тела.