Pauly D или по крштеница Paul DelVecchio, во изминатите година дена има заработено - 11 милиони долари.
Во овој период има околу 140 настапи (од клубови, до пред група на Бритни Спирс), плус пари од неговата модна линија "Dirty Couture," плус од лосионот за тен "Pauly D Bronze Beats," плус по 100.000 долари од секоја епизода на Jersey Shore во која се појавил.
Ова е до сега, а во моментот човекот работи на проширување на своето портфолио, прво со сопственото реално шоу на ЕмТиВи, The Pauly D Project, па потоа соработката за создавање на коктел пијалак со ко-основачот на Grey Goose, Том Бруно, и бренд на слушалици на кои соработува со Фифти сент.