Затворањето очи е многу поефикасен метод за меморизирање важни информации од досега препорачуваните ментални трикови со поврзување на информациите со бои или објекти.
Неколку минути поминати во будно мижење им дозволува на информациите доволно добра прилика да се впијат во мозокот.
И тоа без разлика дали во тој период мислиме на материјалот кој треба да биде запамтен или на нешто сосема друго. Доволно е само да не бидеме вознемирувани од дополнителни информации или визуелни впечатоци.
Мижењето е поефикасно кај меморирањето вербални а помалку кај нумерички информации.