Живот и забава

Што збореше светот кога Леџер го избраа за Џокер

Синоќа пред да легне да спие буквално целото човештво не ни помисли дека денес ќе се разбуди во свет кој за прв пат во историјата е обединет и едногласен околу една тема - дека Бен Афлек ќе биде ужасен Бетмен. Rewind 2006-та.

Зошто (вистинскиот) мед никогаш не се расипува

Археолозите кои копаа околу египетските пирамиди во повеќе наврати успеаа меѓу артефактите да најдат и цели садови полни со мед, стар илјадници години кој уште беше добар за јадење. Или, зошто медот не може да има рок на траење.

Музика од празните џебови

Ретко кога и некаде било лесно да се живее од музика. Освен ако не си Вагнер па го имаш Лудвиг Втори за мецена, или имаш влада како нашава која ќе субвенционира песни како да е тоа стратешки производ. Последниот тренд во музичката индустрија е стримингот, односно заработка по одслушана песна. За авторите, тоа значи дерење кожа.

Не се умирало од тоа

Традиционалното несложување по сите прашања привремено е прекинато кога станало збор за прашање на живот.

Најскапиот баскет на светот

За да го прослави отворањето на дуќанот во Беверли Хилс од 1.115 метри квадратни, францускиот бренд Ермес изработи син баскет кој во продавница чини - 12.900 долари.

Хибридни сендвичи

Апсолутен хит летово во Њујорк беше кронат, ефтина и вкусна делиција добиена со вкрстување на кроасан и крофна. Лудилото по кронатот веќе стана глобално а на него се закачија и други стари и нови гастро мешапи.    

Колку пари прават најубавите нозе на светот

Жизел е неспорен шампион меѓу манекенките во заработување од убавина. За работата во последната година таа е платена 42 милиона долари, што е 6 пати повеќе отколку второ пласираната манекенка на листата и за речиси 4 милиони долари повеќе од нејзиниот сопруг НФЛ играчот Том Брејди (38,3 милиони).

И мускулот од главата си пати

Модерната опседнатост на денешните мажи со своите мускули има и официјален термин: бигорексија. Речиси половина од мажјаците нездраво се обидуваат да изгледаат здраво.

Моногамијата ја гази времето

Откако се ослободи содржината на една врска (маж-жена, маж-маж, жена - Ајфелова кула), на ред е да се еманципира и бројката. Сексолози сметаат дека моногамијата ќе го изгуби својот монопол за само десетина години.

Отчетот на Блумберг

Мајкл Рубенс Блумберг е градоначалник на Њујорк веќе 12 години. Од неговиот допадлив отчет (во техничка смисла, бидејќи на нашиве градоначалници последен крик им е брошурка), издвојуваме само две бројки: 40.000 (!) нови градби и 724 километри (!) нови велосипедски патеки.

Шазам за бебешко плачење

Науката сè уште нема решение за фрапантниот проблем на македонската мајка (дијагноза: Како детето мое нигде нема друго) но, нашла за друг: бебешкото плачење и што тоа значи.

Со лажица против несаканиот брак

Владата своевремено упорно нè просветлуваше дека можеме да бидеме генијалци како оној што во жицата видел спојувалка (аха, Тесла видел билборд па решил да размислува генијално), но ова е стварно проста идеја а може да ги смени животите на илјадници несреќни девојки.

"Џобс" и Возниак пак се скараа

Ко-основачот на Епл го гледал филмот за Стив Џобс и не би го препорачал на пријател. Ештон Качер тврди дека знае зошто.

Елвис ова го нема слушано

Ова е една од последните снимки на Елвис Присли за која се претпоставува дека и самиот ја нема слушнато.

Со парите се претера

Иако повеќе од кој било друг направија Холивуд да се навлече на блокбастери, Стивен Спилберг и Џорџ Лукас сега сметаат дека ваквиот бизнис модел е неодржив.

Центар за странски јазици - Манчестер

Градот нема ни половина милион жители а на неговите улици можат да се слушнат 200 различни светски јазици.

Ги знаете ли Koana Islands?

Ако на ова прашање ви доаѓа да ни одговорите "Нормално, еднаш за малку и на одмор ќе уплатевме таму", тогаш, имаме проблем.

Џон Клиз против британските медиуми

Монтипајтоновецот ги поштеди само Гардиан, Индипендент и Деили Мирор.

Гугл нè гугла

Секој има право да верува дека неговиот меилови на Гугл ќе ја задржат приватноста. Само што, во тоа не верува Гугл.

 

Креативноста на лудите деспоти

Овојпат без нашите омилени ликови од екс-советскиот простор, неколку примери на државници чие лично "I have a dream" се претворал во кошмар за луѓето од тие земји.

Како отпушта генералниот на АОЛ

Првиот човек на американскиот комуникациски и медиумски гигант отпушти еден свој директор пред 1.000 други вработени. Му требаа едно 4 секунди.

Ни Шведска не е веќе раат

Дека наш човек може да покаже целосна емпатија кон судбината на далечните браќа Швеѓани зборува нашиот личен пример со следнава вест. Таа двапати не здоболе, и кога ја читавме и кога ја пишувавме.

Пол Ален издаде рок албум

Ко-основачот на Микрософт во средношколските деновите имал само две желби, да програмира и да свири гитара. На 60 години, му дошло време да си ја исполни втората желба. 

Како изгледа да ја поседуваш целата индустрија

Конкретно станува збор за индустријата за очила (сонце / диоптер), а компанијата што ја поседува оваа индустрија е многу веројатно дека никогаш не сте ја чуле и се вика - Луксотика.