Арчи Карас (вистинкото име му е Анаргирос Карабурниотис) била фатен на интерните камери на едно казино како ги маркира картите со кои игра блекџек.
Казиното не кажува која техника ја користел за обележување, но го фатиле брзо и сопствената штета ја проценуваат на некои 8.000 долари. Познавачите велат дека обележувањето може да се прави на неколку начини кои се тешко видливи за обичното око: некогаш се користи лепак, некогаш парче шмиргла залепено за прст, а некогаш картите се гребат со прстен.
Со оглед на тоа што Карас во минатото уште неколкупати бил фатен како мами во други казина, му се заканува комплетно протерување од Лас Вегас.
А нему парите малку му значат, со оглед на тоа што стана легендарен откако во победнички низ, во периодот од 1992- 1995 година, успеа од 50 долари да ќари дели цели 40 милиони, епизода која во комарџискиот свет е позната како "The Run".
Неговите пријатели велат дека веќе следната, 1996-та година, ја има прокоцкано речиси целата таа добивка и дека за само 10 дена играње Бакара, изгубил 20 милиони долари.